Вардар не му даде шанса, а тој сега ќе игра - четвртфинале во ЛШ!

Доскорешниот вардаров талент Филип Антовски ќе игра четвртфинале во младинската Лига на шампионите, откако денеска талентираниот левиот бек и македонски репрезентативец со загрепски Динамо го елиминираа Ливерпул на пенали со 4-3 по регуларните 1-1 во хрватската престолнина.

Антовски дојде во Динамо зимава, откако во Вардар не доби шанса, иако црвени-црните немаа избор на левата бековска позиција. За екстра талентираниот лев бек, Динамо плати 20.000 евра, а тој експресно си најде место во стартниот тим на младинците и сега е дел од елитните осум најдобри клубови до 18 години на Стариот континент.

Во екот кога загрепски Динамо пишува историја со осминафиналето во Лига Европа и победата над Бенфика со 1-0 во првиот меч за четвртфинале, младинскиот погоn чекори кон самата завршница. Следен противник на Динамо ќе биде подобриот од дуелот Челси – Монпелје, а овој меч динамовите таленти ќе го играат на гости.

Ова е голем успех за Динамо и само потврда за правилната и добра работа со младинците и фактот дека талентите имаат голема сена на фудбалскиот пазар и многу брзо се пробиваат на европската фудбалска сцена.