Ужас во Романија: Тренерот на Динамо Букурешт среде меч доживеал срцев удар

Тренерот на Динамо Букурешт, Еуген Нагое, кој пред само еден месец седна на кормилото на овој клуб доживеал срцев удар за време на дуелот од романскиот шампионат со Университатеа Крајова и моментно е во болница по брзата реакција на лекарскиот тим и брзата помош.

Нагое доживеал срцев удар и колабирал после половина час од почетокот на мечот, по што мечот бил прекинат повеќе од 20 минути, а потоа фудбалерите продолжиле да играат. Романскиот новинар Емануел Росу објави дека пред ужасните сцени, навивачите му скандирале на Нагое да си даде отказ, незадоволни од неговара работа после само еден месец на клупата.

„Нагое во еден момент ги отвори очите. Се чинеше дека ситуацијата е нормализирана. Имаше срцев удар и лекарите направија сѐ што можеа“, изјавил Драгос Стоица, еден од новинарите на теренот, посочувајќи дека во брзата интервенција бил користен и дефибрилатор за да се врати Нагое во живот.