Тричковски во 98 минута спаси бод за АЕК – утна еден, па погоди два пенали со Омонија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна нови два гола за АЕК Ларнака и тоа двата од пенал од трите што ги шутна во ремито 2-2 против Омонија во кипарскиот шампионат, а со вториот гол во 98-та минута спаси бод за својот тим во дерби пресметката во најсилната лига на Кипар.

Тричковски веќе стигна до 12 гола сезонава, но во 10-та минута промаши пенал, а потоа во 40-та донесе водство за својот тим, на кое АЕК не се израдува многу откако Омонија во втората минута од судиското надополнување израмни. Во вториот дел, Омонија стигна и до пресврт со гол на Хименез во 66-та, па дури во 98-та минута Тричковски со нов пенал обезбеди конечни 2-2.

Омонија останува лидер со седум бода од три меча, додека АЕК има четири бода, но од два меча досега во првенството на Кипар.