Тричковски не запира со голови: Четврти гол на четвртиот меч во новата сезона (ВИДЕО)

Доскорешениот македонски репрезентативец Иван Тричковски не запира со голови на стартот на новата сезона на Кипар, откако вечерва погоди и четврти пат во четвртиот меч за АЕК Ларнака, за триумфот со 1-0 против Олимпијакос Никозија.

Откако стартуваше новата сезона, Тричковски не пропушти да даде гол, па после Докса (1-1), Омонија (2-1) и Пафос (1-1), Тричковски му даде гол и на Олимпијакос за минимален триумф и практично од петте гола досега, четири се негови во оваа сезона.

Тричковски после Еуро 2020 се повлече од македонската репрезентација, а денеска го реализираше голот за победа по кој АЕК стигна до втората победа и по четири рунди има осум бода за второ место на табелата.