Тричковски експлодира: Хет-трик за 22 минути за едно полувреме! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски експлодира вечерва за АЕК Ларнака откако за само 22 минути во првото полувреме даде хе-трик во пресметката со Ермис за водство од 3-1 после првите 45 минути.

Откако Ермис изненадувачки поведе, на сцена стапи Тричковски и за шест минути од 23-та до 29-та минута направи пресврт, а потоа од пенал во 45+1-та минута даде и трет гол за убедливо водство по кое конечно АЕК ќе стави крај на лошата серија без победа од пет меча.

Тричковски на последниот меч со Докса во македонската пресметка промаши пенал откако лошо биеше, а репрезентативниот колега Дамјан Шишковски лесно му одбрани.