„Требаше јас да умрам, а не Цицо“

Хрватската спортска јавност и натаму е во шок по веста за смртта на легендарниот фудбалер и тренер Златко Цицо Крањчар на 64-годишна возраст.

Еден од првите кои слушнаа за веста беша Мирослав Чиро Блажевиќ. Легендарниот фудбалски тренер е скршен од болка поради заминувањето на неговиот голем пријател.

„Не можам да стана од кревет од шокот“, рече Блажевиќ. „Не знам што да кажам. Се слушнав со неговиот доктор пред некој ден. Знаев дека е слаб, но не знаев дека е толку лошо за да си замине. Сите чекаат јас да отидам, а отиде Цицо. Мене ми е време, а не на него. Страшно, многу сум тажен, не знам што да ви кажам друго“, изјави Блажевиќ.

Блажевиќ своевремено му беше тренер на Крањчар во Динамо Загреб во периодот од 1980 до 1983 година.