Трајчевски најде нов клуб на Кипар

Поранешниот македонски репрезентативец Душко Трајчевски останува на Кипар, но после една година во Алки, денеска и официјално потпиша договор со Докса Катокопија, клуб исто така од елитната лига во кипарскиот фудбал.

Трајчевски е поранешен фудбалер и капитен на Работнички, кој лани си замина и направи трансфер на Кипар, па имаше извонредни настапи како дефанзивен фудбалер за врска, со најмногу одземени топки од противничките фудбалери. Сега Докса го ангажира како засилување и Трајчевски во новиот клуб ќе игра со бројот 24.

„Драго ми е и почестен сум што се договорив да бидам фудбалер на Докса“, објави Трајчевски.