Таткото на Субашиќ откри: Роднините од Србија не му честитаа на Даниел!

Хрватската „единица“ Даниел Субашиќ беше еден од хероите на „коцкестите“ на 21-то Светско првенство на патот кон историското сребро, откако во два пенал рулети одбрани четири удари од белата точка (три со Данска, еден со Русија) на патот кон историскиот успех.

Не е тајна дека Субашиќ има српско потекло од страната на неговиот татко и дека има роднини во Србија, па поради тоа што е од мешовит брак, дури имал и проблеми со таткото на неговата сопруга кој се противел на брак на неговата ќерка со Србин. Но, Субашиќ избрал да брани за Хрватска, а по големиот успех најмалку на тоа се израдувале неговите роднини.

Таткото на Даниел, Јово за српскит медиуми открил дека никој од роднините од Србија, кои сега се раселени низ светот не му се јавил за да му честита за успехот на својот син.

„Не се јавиле, слабо... Никој не се јавил! Кој да знае зошто е тоа така. Веројатно затоа што игра за Хрватска“, рекол Јово за српските медиуми на прашањето дали добил честитка од српска страна.

Исто така, Јово Субашиќ потенцирал дека неговиот син немал поим дека во автобусот со фдбалерите на дочекот во Загреб ќе биде најконтроверзниот хрватски лик, Марко Перковиќ – Томпсон, кого половина Хрватска не го сака поради пропагирање на усташтвото, неигирањето на Јасеновац... Присуството на Томпсон на дочекот наиде на голема осуда и во дел од хрватската јавност, ама најмногу по европските и светски медиуми.

„И тука во Хрватска сешто се пишува за него, дека е фашист, ваков, таков... Мене Даниел само ми рече дека не знаел дека Томпсон ќе биде со фудбалерите во автобусот“, додал Јово.