Тасевски се врати во Софија, само ќе игра за Славија!

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски по пет години во Тајланд се враќа во бугарскиот фудбал, но овојпат како фудбалер на софиска Славија, објавија медиумите кај источниот сосед.

Тасевски е поранешен фудбалер на гигантот Левски за кој одигра преку сто меча во периодот од 2007 до 2012 година, а во 2009 година стана и првак на Бугарија. Потоа замина во Израел во Хапоел Бер Шева, а заврши на Тајланд, каде играше за неколку клубови во изминативе пет години.

Според бугарските медиуми, Тасевски веќе ги договорил личните услови со Славија и од утре треба да им се приклучи на соиграчите на подготовките во Анталија, а официјално ќе го потпише договорот со софискиот клуб на 5 февруари, кога овој клуб ќе се врати во бугарската престолнина.

Тасевски е дете на Вардар.