Тага меѓу црно-белите: Почина најлегендарниот навивач на Партизан!

Еден од најпознатите наквивачи на Партизан, Мирослав Гајиќ познат како Миша Тумбас, почина на 66-годишна возраст. Тој ќе остане запаметен како еден од најверните клупски фанови кои не припуштаа ниту еден натпревар на својот тим, без разлика дали станува збор за фудбал, кошарка, ватерполо....

Наводно, телото на навивачот на Партизан го пронашла неговата жена која секој ден му носела лекови и храна. Таа наишла на заклучена врата, а бидејќи не можела да влезе во домот на Миша, веднаш повикала брза помош. Кога докторите влегле во куќата на Тумбас, само ја констатирале смртта.

Во последниве години, Миша Тумбас минал низ многу тешкотии. Од болеста и тешките услови во кои живеел, па сè до бруталното тепање во 2015 година во Бариќ каде што живеел, кога тројца млади лица го претепале без причина.

Од Тумбас се збогува и фудбалскиот клуб Партизан.

Останавме без нашиот брат, пријател и најголем Партизановец! Последна почит кон нашиот Миша Тумбас. Нека ти е вечна слава! Твој ФК Партизан.