Стравично: Навивачите на Партизан со факел погодија редар - директно в лице (ВИДЕО)

Ретко кога натпреварите помеѓу Партизан и Црвена Звезда минуваат без инциденти, па така беше и вечерва на 161-то дерби на Србија. 

Пред почетокот на натпреварот навивачите на Црвена Звезда, популарните „делии“ се пресметаа со полицијата, а потоа и фановите на Партизан за малку ќе предизвикаа сериозен инцидент. „Гробарите“ од својата трибина запалија факели и потоа еден фрлија кон теренот. Факелот погоди еден од редарите директно во глава, но за среќа човекот мина без посериозни повреди. 

Видеото можете да го погледнете ТУКА.