Стефан Ристовски во идеалниот тим на хрватската НХЛ-лига (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски се најде во идеалниот тим на хрватската ХНЛ-лига, според просечната оценка во текот на целата сезона, според „Софа Скор Хрватска“.

Ристовски со Динамо ја освои шампионската титула во супер интересната сезона во која „модрите“ дури во претпоследното коло ја заверија, а по три четвртини од сезоната, дури четири тимови имаа идентични шанси за да стигнат до најзначајниот пехар во земјата на сѐ уште актуелните светски вицепрваци.

Македонскиот десен бек во идеалниот тим се најде со просечна оценка од 7,22 и е еден од четворицата динамовци кои обезбедија место меѓу најдобрите 11, заедно со Петар Бочкај, Јосип Шутало и Јосип Мишиќ.

Во идеалниот тим место нема за вториот македонски репрезентативец Аријан Адеми, кој сезонава имаше бројни пехови со повредите и цели три месеци беше во аут во три наврати, иако во завршницата од сезоната кога се кршеше битката за титулата беше клучен играч и со неколку многу важни голови.