Желбата на луѓето во српски ФК Единствено Уб е теренот да го носи името на португалскиот тренер Жозе Мурињо, зашто Португалецот покажал голема почит кон Србија, а иницијативата е на Немања Матиќ.

Матиќ ја пренесе молбата до Мурињо, а Португалецот без многу размислување прифатил теренот да го носи неговото име, па притоа најавил и дека наскоро ќе го посети стадионот.

Теренот се наоѓа блиску до улицата „Немања Матиќ“ и паркот „Радослав Петровиќ“, а одалечен е околу 300 метри од стадионот „Драган Џајиќ“.

Има најмодерна вештачка трева и рефлектори, како и голем видео-бим семафор, додека трибината има капацитет од 500 седишта, а во моментов се уредуваат и останатите делови околу трибините.

Исто така, во тек е изградба на Музеј на фудбалот покрај самиот терен.