Историја: Србија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство во фудбал!

Србија и Албанија се многу блиску до заедничка организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година, кое ќе се одржи во 2027 година.

Според информациите од Швајцарија, УЕФА ја прифатила единствената понуда за заедничка кандидатура. Србија и Албанија ги исполниле сите услови и ја доставиле понудата во предвидениот рок.

Двете држави така дојдоа на чекор од организацијата на првенството со 16 екипи кое ќе се одржи за три години.

За се да биде и официјално потврдено потребно е само уште двете држави да достават детален план околу организацијата, но тука не би требало да има проблем.