Сократис: Никогаш нема да играм во Грција - па потпиша за Олимпијакос (ВИДЕО)

Сократис Папастодополус по 12 ипол години повторно се врати во татковината и е нов фудбалер на Олимпијакос. 

Дефанзивецот го напушти АЕК во 2008 година и направи одлична интернационална кариера играјќи за Џенова, Милан, Борусија Дортмунд и Арсенал. Тој доаѓа во Пиреа како слободен фудбалер, откако го раскина договорот со „топчиите“.  

Интересно е тоа што навивачите на Олимпијакос го навредуваа Сократис на ланскиот натпревар против Арсенал во рамки на Лигата на Европа. Дефанзивецот потоа изјави дека никогаш нема да се врати да игра во Грција и попрво би играл во Кина или МЛС-лигата.

Сепак, парите си го направија своето. Сократис во Олимпијакос ќе заработува 1,5 милиони евра годишно што е многу повеќе од она што му го понудија Ливерпул, Лацио, Џенова, Бетис и Фенербахче.  

Ова дефинитивно нема да им се допадне на навивачите на АЕК, бидејќи се лути ривали со Олимпијакос.