Скаутите на европските великани импресионирани од настапите на Елмас за Македонија

Македонскиот бисер Елиф Елмас, кој даде два гола против Летонија, па го одигра целиот меч со Словенија за македонската фудбалска репрезентација уште еднаш ги импресионирал скаутите на европските великани, кои го гледеле младиот фудбалер на Фенербахче во изминатава недела во дресот на Македонија.

Италијански меидуми објавија дека неколки премиерлигаши, Борусија Дортмунд и Лацио имале свои скаути, кои биле презадоволни од тоа што го виделе од Елмас со своите настапи, не само поради головите и мајсторијата во завршницата со Летонија, туку комплетно како го одиграл мечот на високо ниво и така стабилно за 19-годишно момче.

Руски медиуми денеска објавија дека Спартак Москва понудил 10 милиони евра за Елмас, но таа сума не ги задоволува апетитите на раководството на Фенербахче, кое од поодамна индиректно најави дека не размислува да го продаде младиот фудбалер за помалку до 20 до 25 милиони евра.

Инаку еден куп фудбалски великани покажаа интерес за Елмас, пред се Реал Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Лестер, Тотнем, Борусија Дортмунд, Лацио, Зенит, Лион, ПСВ Ајндховен, Феенорд... Според најавите веќе е извесно дека наскоро ќе почне жестоката битка за да се ангажира македонскиот фудбалер за врска, па наддавањето со пари ќе решава, каде би можел да ја продолжи кариерата бисерот, ако Фенербахче навистина се реши да го продаде.