Скандал во Хрватска: Навивачите и се исмејуваа на својата претседателка Колинда (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Хрватска со пресврт славеше против Словачка со 3-1 во квалификациите за Европското првенства во 2020 година. И, како и секогаш кога играат „коцкестите“, во центарот на вниманието е претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Имено, во еден момент Колинда стана од своето столче и почна да мавта со рацете, а тоа ги насмеа сите кои беа во нејзина близина.


По пресвртот, Хрватска стигна до Европското првенство. Иако губеа на полувремето, со головите на Влашиќ, Петковиќ и Перишиќ обезбедија пласман на големиот континентален собир.