Скандал по вечното дерби: Демолирана соблекувалната на судијата Грујиќ!

Фудбалерите на Партизан и Црвена Звезда одиграа нерешено (1-1) во 158. вечно дерби, кое помина со контроверзна одлука на главниот судија и крена голема „прашина“.

Во натпреварот од деветтото коло од Суперлигата, Партизан стигна до водство со голот на Рикардо Гомеш во 33. минута, а конечните 1-1 ги постави Ричмонд Боачи во 74. минута.

Голема прашина крена голот на Ц. Звезда заатоа што не можеше да се забележи јасно дали топката ја поминала гол-линијата, а судијата Данило Грујиќ по консултации со помошниците покажа дека е гол.

Поради оваа судиска одлука навивачите и играчите на Партизан збеснаа, а по дуелот беше демолирана соблекувалната на главниот судија Грујиќ.