Симоновски сам го суреди Калараси – со два гола и асистенција (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Макеоднија во младинските категории, Марко Симоновски денеска сам му донесе победа на својот Сепси во романскиот шампионат, откако даде два гола и имаше една асистенција за триумфот со 3-0 против нивиот прволигаш Калараси.

Симоновски одигра фантастичен меч и стигна до четири погодоци сезонава во дресот на Сепси. Погоди двапати за три минути во средината на вториот дел, откако претходно асистираше во првиот дел за водство на неговиот тим.

Сепси со победата на гости сега е петопласиран во романскиот шампионат со 30 бода и овој клуб е вистинско освежување во романскиот шампионат, па се бори и за место во Европа.