Шок за сите звездаши: Култната „Маракана“ ќе се руши!

Иако беше најавена реконструкција на култната белградска „Маракана“, најголемиот стадион на просторот на поранешна Југославија, повеќе од јасно е дека таква реконструкција нема да се случи, туку се погласно се размислува за да се урне стадионот кој им донесе многу радости на навивачите на црвено-белите.

Директорот на Ц. Звезда, Звездан Терзиќ го најави можното рушење на стадионот кој сега го носи името по првата звездина звезда, Рајко Митиќ, посочувањјќи дека нема поента да се реконструира стадионот, за која реконструкција најмалку две третини од парите за нов стадион би биле потрошени.

„Не може да се направи модерна Арена од овој стадион, затоа што четирите трибини се направени на земја, а ние немаме простор за комерцијални содржини и едно решение е да се сруши целиот стадион и да се направи вистински модерен стадион, објект кој ќе живее 365 дена во годината. Само тоа е единствено решение. Ние сме во дилема и јас веќе разговарав со претседателот Александар Вучиќ, на кого му посочив дека само Ц. Звезда од сите 32 учесника во ЛШ има стадион со атлетска патека и дека во светот на фудбалот веќе такви стадиони не постојат“, вели Терзиќ.

Тој објаснува зошто е невозможна реконструкцијата на стадионот без атлетска патека.

„Да ја тргнеме атлетската патека, ќе треба теренот да го поместиме кон западната трибина (централната – н.з.), а потоа ни остануваат три трибини кои повеќе треба да се рушат, отколку да се реконструираат. И потоа се доведуваш во ситуација дека треба да срушиш три четвртини од стадионот, па поради тоа подобро е да го срушиш целиот и да изградиш нов, отколку вака. Плус ќе направиш модерен објект, со паркинзи, со инсталации и тн. Ние ќе влеземе во реконстуркција, ама секој почеток отвора нови три работи, па новите три отвораат девет нови... Долгорочно во следните пет до 10 години, 'Маракана' мора да се сруши, затоа што нема услови за реконструкција и за подигнување на комфорот на повисоко ниво