Се „тресе“ Бугарија: Полицијата ги „чешла“ просториите на фудбалскиот сојуз

Откако претседателот Борислав Михајлов поднесе оставка поради вчерашните расистички инциденти на мечот против Англија, повеќе од 20 полицајци влегле во сеиштето на Бугарскиот фудбалски сојуз во Софија.

Се претпоставува дека постојат неправилности во работата на фудбалскиот сојуз, како и корупција, па поради тоа полицијата работи на расветлување на случајот. 

„Станува збор за криминал против спортот. Зборуваме за корупциски прекршоци, поврзани со работата на судиската комисија на Бугарскиот фудбалски Сојуз и поставување судии на фудбалски натпревари. Истрагата е во тек и рано е да се откри дали ќе има уапсени лица“, откриваат бугарските медиуми.

Претходно премиерот на Бугарија, Бојко Борисов порача дека нема да толерираат било каков криминал во спортот, како што се наместени натпревари и судии.