„Савидис на никој не се заканувал, има дозвола за оружје и тоа не е прекршок“

Портпаролот на првиот човек на ПАОК, Иван Савидис, дал интервју за една руска новинарска агенција, на која и објаснил што се случувало на натпреварот.

Портпаролот на Савидис објаснил зошто претседателот го изгубил трпението, а исто така тврди дека иако влетал на теренот со оружје, сепак не се заканувал на никого со својот пиштол.

„Иван Савидис не се закануваше на никого со пиштол, а воедно тој има дозвола да го поседува истиот. Претседателот излезе на теренот со оружје, но во Грција не е забрането да имате пиштол. ПАОК се наоѓа на врвот, а некои скандалозни одлуки предизвикаа гневна реакција на Савидис, па поради тоа се создаде целата драма на мечот“, објаснува портпаролот.

Од друга страна, синот на претседателот на ПАОК, Џорџ Савидис, се огласи преку својот Инстаграм профил и побара да се смират страстите.

„Конечно, јас би сакал да ја ги повикам сите надлежни органи да превземат чекори и да биде казнето моето семејство, но при тоа да му се дозволи на ПАОК да ја добие шансата, која што ја заслужува. Вие знаете дека проблемот сме ние и дека тоа не е ПАОК. Генерално гледано, ние сме им најголемиот проблем во Грција на сите“, пишува Џорџ.