Романски Ботосани го промовираше Стефан Ашковски!

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ашковски и официјално денеска беше промовиран за нов фудбалер на романски Ботосани, каде доаѓа како слободен играч, откако во минатата сезона настапуваше за Славија Софија во соседна Бугарија.

Ашковски е дете на Вардар, кој продолжи во младинските категории во Партизан, но не доби голема шанса за да се наметне кај црно-белите, па мина три годни на заеми во Доњи Срем, Напредак Крушевац, Нови Пазар, Стромгосет, Шкендија. Потоа играше за турски Кајзери,Горњик Лежна, а блескаше за холандска Фортуна Ситард.

За македонската репрезентација има три настапи, беше младински репрезентативец во сите категории.