Ристовски ги изнасмеа динамовци: Да шутирам пенали? Не, затоа сум бек!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски, стандардниот првотимец на хрватскиот првак Динамо Загреб ги изнасмеа сите загрепчани, кога во пресрет на дуелот со Рапид Виена во Лига Европа го прашаа дали би шутирал пенали.

Динамо викендов на „Руевица“ се спаси од сигурен пораз против Риека, откако губеа со 0-3 по првиот дел, а потоа успеаа да стигнат до бод со ремито 3-3 во кое два пенали практично го обезбедија тој бод, кои ги изведе и реализира Бруно Петковиќ.

Може ли Ристовски да шутира пенали како Петковиќ?, беше прашањето на хрватските медиуми за македонскиот фудбалер.

„Не! Затоа сум и бек!“, им одговори Ристовски.