Репрезентативецот Шишковски потпишува со албански Кукс?

Макеоднскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски, кој постојано е на списокот на повикани фудбалери во последно време во македонската репрезентација е пред потпис со албански Кукс, објавуваат медиуми од западниот сосед.

Шишковски изминатата година беше дел од финакси Лахти, но пред крајот на 2018 година ја заврши својата авантура во Скандинавија и сега е слободен играч во потрага за нов ангажман. И откако Кукс останал без Косовецот Фатон Малоку, кој се повредил пред десетина дена, сега експресно бара искусен и добар чувар на мрежата, а Шишковски е прв избор на првиот човек Сафет Гјици и спортскиот директор Ндерим Неџипи, бивш фудбалер на Шкупи, Работнички, Вардар...

Според послендите информации, Шишковски и Кукс се речиси пред договор и само детали ги делат од потпишување на соработка. Шишковски е дете на Работнички, кој во 2015 година направи трансфер во белгиски Гент, но по само шест месеци се врати во Дебар Маало, а минатото зимо замина во Финска.

Сооглед на многуте враќања во Дебар Маало во овој зимски преоден рок немаше да биде изненадување да се врати и Шишковски во својот матичен клуб, но очигледно албански Кукс е сериозен во намерата да го ангажира.