Раднички Ниш моли за масовно тестирање во клубот – имаат тројца заразени, седум со симптоми

Српски Раднички Ниш со писмо до Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), кризниот штаб на градот и градоначалникот, како и до институтот Батут молат за да им биде направено масовно тестирање во клубот, откако четворица се заразиле од коронавирус, па сега не знаат какви сè чекори да направат во период кога треба да ги почнат и подготовките за новата сезона.

Во Србија во изминатава недела експлодираше Ковид-19 и заразата опасно почна да се шири низ земјата, а северниот сосед најави воведување повторно на рестриктивни мерки и карантини од петок до понеделник во Белград. Бројот на заразени на дневно ниво речиси постојано е околу 300, ама се зголеми бројот на починати и забележани се рекордни бројки на дневно ниво.

Во Раднички заразени се двајца фудбалери и еден член на стручниот штаб на клубот, па затоа и од „мераклиите“ е испратена молба за масовно тестирање на комплетниот клуб.

„Раднички во својот тим има двајца заразени фудбалери, Стефан Михајловиќ и Никола Чумиќ, како и член на стручниот штаб Давор Бербер. Плус имаме седум кои чувствуваат симптоми, кои укажуваат на коронавирус. Бидејќи подготовките за новата сезона почнуваат во цела Србија ве молиме во скалд со законските можности и вашите овластувања да ни овозможите тестирање на целиот тим за да може да ги изолираме сите тие што имаат вирус и се позитивни за да се спречи ширењето на епидемијата. Здравјето е најважно и не сакаме никого да го ставиме во опасност. Исто така ве молиме да ни дадете упатства и насоки, како и инструкции како да се однесуваме и како да постапуваме во оваа ситуација“, објавил Радники Ниш.