Просинечки излезе од болницата во Сараево

Босанските медиуми пишуваат дека селекторот на Босна и Херцеговина излезе од болницата во Сараево, каде што имаше операција и сега е на домашно лекување.

Просинечки беше примен во болница на 22 ноември откако му се слоши, а потоа по неколку детални анализи бил испратен на операција на тенкото црево.

Потоа беше повторно опериран на втори декември, зашто раната наводно бавно му зараснувала, па сега се очекува целосно закрепнување.

Инаку, Фудбалскиот сојуз на БиХ ги објави само најосновните информации од болничкиот третман, кој му беше даден на Просинечки.