Пример за нашите „ѕвезди“: Српски фудбалер донира 70.000 евра за да спаси живот на дете!
Веќе подолг период во Србија има акција за помош на малиот херој, но никако не можеше да се собере потребната сума за потребното лечење во Барселона. Членот на Манчестер јунајтед решил да ја доплати разликата од собраните пари до вкупната цена на третманот, по што Душан заминал во каталонската престолнина. Веста дека тој е анонимниот донатор излезе од таткото на детете и покрај забраната која ја добил од фудбалерот, кој не сакал да се прави било каков спектакл од неговата помош.
Тодоровиќ веќе две години води тешка борба со болеста, а во Барселона замина на дополнителна дијагностика, тестирање и анализирање на крвта и два циклуса на хемотерапија и имунотерапија. Целото лечење во Каталонија чини 191.000 евра.