Претседателот на ФС Косово оди во затвор неполн месец пред дуелот со Македонија!

Апелациониот суд во Приштина ја потврди казната од девет месеци за претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми.

Адеми е осуден на девет месеци затвор, откако во 2012 година принуди деловен соработник да му плати на еден вработен во општината во Приштина 30.000 евра или да му купи нов автомобил во замена за фалсификувани документи што се однесуваат на работа со недвижнини.

Пријателот на Адеми, Мухарем Рама, кој му помогнал окоу ова казниво дело е осуден исто така на една година затвор.

Агим Адеми стана претседател на косовската фудбалска федерација во јули 2018 година по смртта на Фадил Вокри.

Инаку, кон крајот на минатата година, Адеми беше во посета на Фудбалската федерација на Македонија, каде имаше неколку состаноци со претседателот Муамед Сејдини, околу плејоф натпреварот во Лигата на Нации, меч кој ќе се одигра на 26. март на Националната Арена „Тодор Проески“.