Пратеник од Србија го нарече голманот на Партизан – дебил! (ФОТО)

Бурното вечно дерби во Белград, 158 по ред помеѓу Партизан и Црвена Звезда заврши без победник 1-1, но многу полемика предизвика голот на црвено-белите во средината на второто полувреме и дилемата дали по ударот на Боаќи топката ја мина гол-линијата.

Голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ, кој е бивш голман на Ц. Звезда и српски репрезентативен чувар на мрежата разочарувачки по мечот најави дека ќе се откаже од српскиот пасош поради признаетиот гол. И неговата реакција предизвика еднаква бура во српската јавност, легендата Митар Мркела му порача да оди на психијатар, а се јави и еден пратеник во српскиот парламент.

Марко Парезановиќ од Чачак очигледно е голем навивач на Ц. Звезда, ама недозволиво е вакво ниво на комуникација со јавноста, особено не за банални причини – гол на фудбалски меч.

„Мустафа (прекарот на Стојковиќ од Делии откако потпиша за Партизан – н.з.) зборуваше дека во неговите вени тече црвено-бела крв, па потпиша за Партизан, а сега треба да му веруваме дали виде дали топката ја мина или не ја мина гол-линијата и дека видел подобро од судијата зад голот. Дебил беше, дебил остана“, го напиша спорниот твит Парезановиќ, кој дополнително ја зовре српската јавност.