Познат српски пејач платил 109 илјади евра за да го раскине договорот помеѓу Звезда и син му

За поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Андрија Рајовиќ е заинтересирана словенечка Олимпија Љубљана. Станува збор за талентиран фудбалер од средниот ред кој беше дел од младинските категории на најголемиот српски клуб.

Интересно, тој е син на познатиот српски пејач, Бобан Рајовиќ, а младиот фудбалер се реши да го раскине договорот со поранешниот европски првак. Управата на црвено-белите сакаше да го продолжи договорот со младиот фудбалер, а потоа да го позајми во Напредак.

Сепак, ова не му допадна на неговиот татко кој одлучи да го раскине договорот, а за тоа мораше да плати дури 109 илјади евра и сега е во потрага по нов клуб за неговиот син да продолжи да ја гради кариерата. Словенечките медиуми пишуваат дека освен Олимпија и нивните најголеми ривали Марибор се заинтересирани за Андрија.