Познат сајт за фудбалски бисери: Талент на денот - Елиф Елмас, „новиот Ракитиќ“ (ФОТО)

Македонскиот бисер Елиф Елмас ги воодушеви сите летово преку контролните мечеви, ама и со настапот во Лисабон во Лигата на шампионите, па не е чудо што великаните како Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Борусија Дортмунд, Валенсија..., сега многу внимателно ги следат неговите настапи.

Пред стартот на сезоната, Фенербахче ја стави клаузулата од 25 милиони евра за Елмас, а управата уште летоска најави дека за младиот македонски репрезентативец очекува приход од 50-на милиони евра. И тоа воопшто не треба да чуди, особено ако Елмас игра константно во формата во која сега се наоѓа.

Па додека скаутите скенираат, еден од најпознатите интернет сајтови за фудбалски бисери „Талент Скаут“, не прошушти Елмас да го прогласи за „талент на денот“. Само колку во групата на екстра-таленти да се најде младиот Македонец, за кој допрва ќе чуе Европа. Инаку Елмас во минатата сезона играше за сите можни македонски селекции, од сениорската преку младинската до 21 година и младата до 19 години.

Како најсилни страни во објаснувањето за Елмас, „Талент Скаут“ потенцира – додавања, креативност, визија, дриблинг, техника, контрола на топката. А, играч со кого го споредуваат – хрватската ѕвезда на Барселона, Иван Ракитиќ.