Поранешен македонски селектор имал операција пред да најде нова работа (ФОТО)

Поранешниот македонски селектор Среќко Катанец го заврши својот втор мандат како селектор на Словенија по неуспешните мундијалски квалификации, па во очекување на нова работа тој имал една хируршка интервенција.

Како што објавија словенечките медиуми, Катанец имал операција на скочниот зглоб, по што тој сега ќе мора да мирува одреден период. Катанец се решил на ваков потег, пред најде нова работа, со цел подготвен да ги преземе и води фудбалерите на новото работно место.

Словенците го фатиле Катанец со штаки пред еден хотел во центарот на Љубљана. Тој беше македонски селектор и под негова палка Македонија го имаше најдобриот рејтинг на ФИФА-листата, во октомври 2008 година кога црвено-жолтите беа 46-ти.

ФОТО: Ekipa24.si