Полицијата побарала од Србите да не присуствуваат на дуелот против Црна Гора!?

Вечерва се игра дуелот помеѓу Црна Гора и Србија во Подгорица во рамки на Лигата на нации, а се очекуваше спектакл, но очигледно нема да биде ништо ниту слично на тоа.

Црногорците подготвија строги безбедносни мерки пред дуелот против Србија, па полицијата направила и чекор повеќе, па побарала од Србите да потпишат дека нема да присуствуваат на дуелот.

„Локална борба“ пишува дека приведените навивачи на Црвена Звезда, Партизан и Србија морале да потпишат дека вечерва нема да бидат на стадионот.

„Добивме повик да се јавиме во полиција. Таму нè чекаше инспектор, кој коректно се однесуваше и ни даде изјава која треба да ја потпишеме. Во неа пишуваше дека нема да смееме да одиме на натпревар и требаше да ја потпишеме, по што можевме да си одиме дома“, изјавил Србин за локалните медиуми.

Во таа изјава пишувало дека националноста на личноста е Србин и ги имало сите лични податоци.

„Го пишуваше моето име и презиме, а покрај тоа дека се изјаснувам како Србин и во продолжение дека нема да бидам на стадионот за време на натпреварот“, кажа уште еден навивач.

Инаку, дуелот помеѓу Црна Гора и Србија се игра вечерва од 20.45 часот.