Пикси е нов селектор на Србија: Ќе гинеме за оваа земја, грб и химна!

Фудбалскиот сојуз на Србија го претстави Драган Стојковиќ Пикси како селектор на фудбалската репрезентација, а договорот е потпишан на три години, односно до крајот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Пикси кажа дека веќе размислува за квалификациите за Светското првенство и објасни како сака да игра на теренот.

„Пресреќен сум и во исто време горд. Не постои поголема чест од тоа да се биде селектор на својата земја. Не можев да посакам подобар роденденски подарок. Свесен сум за одговорноста која ја преземам, но во исто време верувам во своите квалитети, како и во квалитетите на моите соработници. Исто така, имаме поддршка од сите страни која ќе биде неопходна. Се подготвуваме за квалификациите и ги анализираме противниците од кои првите два ни се ептен тешки. Мора да бидеме силни и да гинеме за дресот на нашата земја, грб и химна. Нема друг начин да се дојде до успех. Резултатите се приоритет, но исто така сакаме да доминираме. Ќе има и тешки моменти, но тогаш ќе ни биде потребна верба и оптимизам. Уште еднаш сакам да се заблагодарам за довербата“, кажа Пикси.