Партизан добил милионска понуда од Вилјареал за најдобриот играч, ама таа им била – премала!

Белградски Партизан го одбил шпански Вилјареал за да им го продаде својот најдобар напаѓач Умар Садик, иако на маса имале пет милиони евра, но црно-белите не сакале ни да чујат за да го продадат својот фудбалер за толку мали пари.

И додека најголемиот македонски клуб Вардар успеа за едно лето да го распадне целиот свој тим и практично да не заработи ниту еден цент од фудбалерите, губејќи најмалку еден милион евра заработка, Партизан како секој нормален клуб не се откажува од својот најценет фудбалер, макар понудата е привлечна.

Вилјареал давал пет милиони, ама во Партизан глатко ја одбиле им порачале – или 12 милиони или ништо. Но, „жолтата подморница“ нема пари за да го плати транферот колку што бараат белграѓани, зашто имаат проблем со финансискиот фер-плеј, па имале втор обид со бонуси да стигнат до осум милиони евра. Но, и тоа било премалку во Хумска 1.

Динамо Загреб веќе од поодамна продаде еден куп фудбалери за милионски трансфери, а последен во низа им е Антонио марин во Монца за шест милиони евра, како дополнување како се работи во фудбалот.