Пандев во посета на Црвена Звезда (ФОТО)

Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев денеска бил во посета на српскиот шампион Црвена Звезда.

На профилот на Твитер на Ц. Звезда беше објавено дека Пандев бил во просториите на клубот во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ.

„Нашиот клуб денеска ја пречека легендата на македонскиот фудбал и голем навивач на Ц. Звезда, Горан Пандев кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон нашиот тим“, објави Ц. Звезда.