Официјално: Саво Милошевиќ се врати на клупата на Партизан
Легендарниот српски напаѓач се враќа на клупата на црно-белите и во својот втор мандат ќе се обиде да ги стабилизира работите, а сигурно дека нема да му биде лесно.
Промоцијата на МИлошевиќ е закажана за во понеделник, а веќе од вторник и ќе започне со работата со првиот тим.
Партизан беше првиот клуб во кoј работеше како главен тренер и тоа во сезоната 2019/2020 кога успеа да го освои Купот на Србија. По Партизан ги водеше само уште Олимпија Љубљана и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а во 2011/2012 како помошник беше дел од стручниот штаб на Црна Гора.
Договорот кој го потпиша со црно-белите е со важност од две години.