Официјално: Хасани потпиша за Партизани! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани долго време се поврзуваше со преселба во Партизани од Тирана, а сега пристигна и официјална потврда од албанскиот клуб.

Хасани го напушти Хелсинки уште во ноември, па сега ги договори личните услови со албанската екипа. 

„Како што кажа и директорот претходно. Имавме преговори, кои беа одлични. Сакав да играм во Албанија и среќен сум што пристигнав тука. Моја желба беше да се приклучам на Партизани. Да бидам искрен, кога се појавија шпекулациите, разговарав со Цуцули и тој ми кажа да го изберам Партизани, а не Тирана. Албанскиот фудбал се игра на високо ниво. Тоа е силен шампионат и не е како во Македонија“, кажа Хасани.

Поранешниот фудбалер на Шкендија во текот на кариерата беше дел и од германски Волфсбург, Брондби, а настапуваше и во Саудиска Арабија.