Објавена снимка од палењето на „аудито“ на бившиот тренер на Охрид (ВИДЕО)

Драган Антиќ, сегашен тренер на Динамо Врање и поранешен стратег на Охрид, во неделата околу пет часот останал без автомобил, откако некое непознато лице му го запалило скапото возило.

На српските медиуми беше објавена и снимката на која може да се забележи како едно маскирано лице доаѓа до автомобилот, го полева со бензин и потоа го пали.

Антиќ претходно изјави дека знае кој стои зад инцидентот, па чека полицијата да го уапси.

„Немам дилема кој стои зад ова. Тоа го кажав и минатата недела. Јас во Врање немам непријатели, не му должам на никого. Ова се луѓе од Сурдулица“, кажа Антиќ.