Николов со гол направи пресврт и ја најави убедливата победа на МОЛ Види

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов постигна денеска еден гол во триумфот на неговиот МОЛ Види против МТК со 4-2, за ланскиот првак кој сезонава е детронизиран од Ференцварош да остане зацементиран на второто место на табелата во унгарслата лига.

Николов погоди во 65-та минута за да направи комплетен пресврт на мечот, по водството на МТК и со неговиот гол практично МОЛ Види да исчекори кон триумфот, па во завршницата дадоа уште два гола соиграчите на макеоднскиот фудбалер за врска за триумф.

МОЛ Види има 60 бода од 32 меча, а Ференцварош е убедлив и веќе шамоион со десет повеќе, додека Дебрецен заостанува зад МОЛ Види дури 12 бода. Инаку ова е прв триумф на ланскиот првак по пауза од четири кола.