Неверојатна ситуација во Бугарија: Такси возило се појави среде натпревар (ВИДЕО)

Сме виделе различни ситуации досега на фудбалските терени ширум светот, но сега во Бугарија се случи нешто што не се памети.

Имено, на дуелот помеѓу Спетември Софија и ЦСКА 1948 од најсилното бугарско првенство среде меч покрај теренот се појави такси возило.

Ако се суди по движењето на автомобилот, таксистот веројатно ја погрешил локацијата, па со помош на редарите брзо го напушти стадионот.