Неверојатен пресврт: Хрватскиот хулиган бил фрлен од автомобил пред да биде прегазен?!

Откако вчера беше објавено дека хрватскиот хулиган, кој беше во центар на вниманието во Белград при обидот да се преземе партизановиот југ пред една година, бизарно загинал откако сакајќи да претрча на автопат бил прегазен буквално од три автомобили.

Но, откако се појави трагичната вест за страшниот инцидент во кој загина сплиќанецот Анте Фириќ, полицијата сепак почнала да прави реконструкција на настанот и ги испитувала возачите на трите автомобили, кој еден по друг го прегазиле Фириќ, кој починал на лице место неверојатен пресврт се случил во истрагата.

„Јутарњи лист“ објави дека засега има две верзии околу трагичниот настан, настрана од официјалната верзија, во која Фириќ кај Иваниќ град сакал да претрча преку автопатот, по што на него во раните утрински часови налетале три автомобили и го прегазиле, а тој на лице место починал од повредите.

Според првите информации, Фириќ бегал од некого, па во целиот тој хаос и некординација, излетал на автопатот, но неуспеал да ги избегне автомобилите. Втората верзија е дека тој практично бил фрлен од автомобил во движење на автопатот пред другите автомобили, кои му пресудиле.

Полицијата истражува како Фириќ се нашол на дел од автопатот, каде најблиската куќа е на повеќе од еден километар. Веќе се бараат надзорните камери на автопатот за да се утврди точно што се случило во моментите на страшната несреќа, а се прави и реконструкција со цел да се види каде Фириќ бил до последен момент, пред да биде прегазен.

Сплиќанецот беше водач на шестмината Хрвати кои пред една година на партизановиот југ се обидоа да ја заземат трибината на Гробари, но по жестоката пресметка, натепани, со крвави глави и живи горени со пиротехника беа исфрлени на атлетската патека, а потоа приведени. Сите добија притвор, по што беа депортирани по два месеци во централниот белградски затвор. Српските медиуми тогаш објавија дека хрватските хулигани, кои и немаат некоја поголема врска со навивачкиот свет, туку повеќе со криминалниот биле ангажирани како телохранители на поранешен водач на партизановите Гробари со цел да се направи пуч и да се преземе раководењето со трибината, што носи големи привилегии пред се околу криминални активности, а најмногу со препродажба и трговија со дрога.