Нема поголем малер од Ејупи: Девет месеци беше во аут и кога се врати – ги повреди тестисите!?

Поранешниот макеоднски репрезентативец Музафер Ејупи е најголемиот малер барем во последната деценија, откако успеа повторно да се повреди по враќањето на терените за својот Осиек по девет месеци пауза.

Ејупи, кој е дете на Вардар, кој во кариерата освен за скопските црвено-црни играше и за Металург, Шкендија, Турново, како и за турски Карталспор, тајландска Сонгхила, а во Хрватска е од 2015 година прво во Славен Белупо, а година дена подоцна во Осиек. И Ејупи есенва не играше, откако му беше дијагностицирано пореметување на бубрежната функција и тој не ги мина лекарските прегледи.

Последен пат Ејупи играше на 13 април 2018, по што следуваше пеколен период по лекарскиот преглед, кога го ставиле на алергиски тестови, па биле утврдени низа работи на кои бил алергичен. И потоа се појавија бубрежните проблеми, па поради нив морал да добие нова терапија .

И сега кога сè заврши, тој се врати на тренинзите, ама на последниот добил незгоден удар во меѓуножјето. По деталниот специјалистички преглед било утврдено дека мора да паузира десет дена.

Ејупи во сезоната 2016/17 даде 14 гола во хрватската лига, а и во минатата одлично тргна, имаше забележителен настап и во европските мечеви, даде важни голови, но потоа се појавија проблемите со болеста, кои го спречија неговиот напредок.