Не е добро: Просинечки пак „под нож“ - трета операција во пет месеци!

Нема крај на здравствените проблеми на поранешениот легендарен фудбалер Роберт Просинечки. Селекторот на Босна и Херцеговина денеска ќе се подложи на нова операција. Воедно ова ќе биде негов трет оперативен зафат поради проблемите со тенкото црево.

Тој ноќеска бил примен во болницата во Загреб. Операцијата требала да се случи минатата недела, но беше одложена од непознати причини. Просинечки веќе имаше две операции во Сараево, а третата одлучи да ја направи во Хрватска. Поранешниот фудбалер минатата година беше хоспитализиран поради болки во стомакот, а докторите констатирале проблем со тенкото црево.

По операциите тој бил однесен на интезивна нега и таму останал седум дена. Состојбата му се подобрила и изгледало дека популарниот „жути“ наскоро ќе си замине дома. Сепак, подоцна се соочи со нов проблем. Раната не зараснала доволно брзо, па затоа тој повторно беше вратен на интезивна нега.