Хулиган го нападна тренерот на Раднички, па се создаде хаос на пресот (ВИДЕО)

Жестоко беше во Србија по мечот помеѓу Напредак и Раднички (1-2) кога еден навивач се појави на прес-конференцијата, па почна  голема караница.

Тренерот на Раднички, Ненад Лалтовиќ се скара со еден навивач, по што имаше безброј пцовки, па стратегот тврдеше дека му ги навредувале децата и семејството во текот на средбата, а посебно беше лут и на портпаролката.

„Како може некој да влезе да ме навредува? Па, тој вика дека ќе ми е*е детето. Не можам да дозволам никој да ја навредува мојата ќерка, која се роди додека бев тренер на Напредак. И моите синови. Овде ги пораснав на 200 метри. Се борев а вас, а денеска ми ја навредувате и жената. Срам да ви е на сите...“, збесна Лалтовиќ.