Најлудите изјави на легендарниот Ќиро – како побегнал од манастир поради калуѓерка!

Фудбалскиот свет утринава загуби еден од најголемите тренери на Балканот, Ќиро Блажевиќ, можеби не според квалитетот, но пред се според духот, харизмата и големото срце со кои стекна обожаватели на целиот простор од Гевгелија до Триглав.

Неговите легендарни изјави се раскажуваа со години наназад, а ќе се прераскажуваат и во периодот кој следува, без разлика што Хрватот нема да биде меѓу нас. Незаборавно ќе биде неговото објаснување за тоа како дозволил Роберт Просинечки од Динамо Загреб да премине во Црвена звезда, односно кажал дека ако стане фудбалер тој ќе си ја скине дипломата и за тоа како сакал, но никогаш не седнал на клупата на црвено-белите.

Блажевиќ беше миленик на новинарите, за кои велеше дека ја имаат власта и поради тоа ја пијат крвта на луѓет и за тоа добиваат пари, а незаборавен е коментарот за време на мечот Шведска-Англија кога за Калстром изјави: „Тој е толку голем левучар, што десната нога ја користи само кога влегува во автобус“. Урнебесна е и приказната за бегството од манастир, каде што требало да ја исполни желбата на својата мајка и да стане свештеник, но од каде побегнал поради убава калуѓерка во која се заљубил, ама која не можел да ја има.

Сите негови легендарни изјави прочитајте ги ТУКА.