Најдобриот српски судија „избега“ во Кина за да дели правда за – многу пари

Најдобриот српски судија Милорад Мажиќ ќе биде професионален судија во најмногубројната земја на светот Кина, откако ја прифатил понудата да ја дели правдата на мечевите во новата сезона во кинескиот шампионат.

Мажиќ кој важеше за еден од најдобрите судии во Европа, а е без конкуренција во Србија ја прифатил понудата која едноставно не можела да се одбие, па сега се остава отворено прашањето, дали тој ќе суди мечеви само во Кина или пак ќе може да дели правда и во српскиот шампионат, а посебно во европските мечеви во Лигата на шампионите.

„Тој ќе потпише договор, кој дури и професионалните фудбалери тешко може да го одбијат“, рекол близок пријател на Мажиќ за српските медиуми.

Нема сомнение дека српскиот арбитар добро ќе се офајди на финансиски план и добро ќе го наплати својот статус за еден од петмината најдобри судии на Стариот континент во моментов. Новата сезона во Кина почнува идниот петок, а ќе трае до 30 ноемви годинава.