„На фудбалот му треба чесност, а Шукер беше легенда, која сега повеќе не е!“

Дино Раѓа е прославен хрватски и југословенски кошаркар, кој фудбалот го сака со еднаква страст. Навивачи одеше секаде со репрезентацијата на Хрватска, но сега националниот тим не сака да го погледне ниту на телевизија. Не затоа што Хрватска нема добар тим (игра на СП во Русија), туку затоа што фудбалот не е чесен.

Раѓа удри по фудбалската легенда Давор Шукер, за кого хрватската јавност одамна го оквалификува како привезок на Здравко Мамиќ. Шукер сега се соочува со опозиционери кои сакаат да му го земат престолот во хрватскиот сојуз, но повеќе од изгледно е дека со поддршка од Мамиќ, легендарниот фудбалер поторно ќе остане претседател н ХНС.

„Се отуѓив јас од репрезентацијата. Гледам фудбал со тажно срце, а ги гледав 'коцкестите' во Берлин, Виена, Светско, Европско...Сега не ми паѓа на памет да одам на натпревар, воопшто не ме интересира репрезентацијата, дури ни на телевизија не гледам. И нема, се додека е таква – приватизирана. Нема што понатака да кажам, се е познато“, вели Раѓа.

Кошаркарската легенда, кој е дел од хрватскиот кошаркарски сојуз најави дека на фудбалските мечеви ќе се врати, кога фудбалот ќе стане чесен

„За да се вратам, треба се да стане чесно. Генерално сите ме гледаат како навивач на Хајдук и јас не го амнестирам Хајдук од неговите грешки, но во фудбалот мора да се случат промени. Давор Шукер? Не ме интересира. Немам мислење за него. Беше голема легенда, али тоа повеќе не е“, додава Раѓа.