Моќта на сплитска „Торцида“: Ќе го сменат претседателот на Хајдук зашто ги гоштевал судиите!?

Голем земјотрес се случи на сплитски „Пољуд“, откако Хајдук веројатно од недела ќе остане без претседател и тоа поради една бизарна, ама за балканот доста несфатлива причина. Иван Кос ќе остане без функцијата претседател на Хајдук, макар Хајдук го победил Динамо во дербито викендов и со 6-1.

Вообичаено кога станува збор за балкански гигант, прва асоцијација на целата јавност во регионот е дека тој клуб треба да има посебно почитување од судиите на мечевите, па макар и блага помош од арбитрите на мечевите, зошто големината на Хајдук е еднаква на Динамо, без оглед на доминацијата на „модрите“. Замо, во Сплит баш таа мала помош од судиите не сакаат да ја прифатат, а Кос им се додворувал на арбитрите и го навлекол гневот на верната „Торцида“.

Верувале или не, навивачите на далматинската гордост јавно го обвинија Кос дека „шурува“ со судиите. Претседателот на Хајдук ги честел судиите со ручеци, вечери, ги дарувал со клупски сувенири, поклони, ги водел на концерти, на ноќни забави... И сето тоа на теренот според хрватските меидуми досега не резултирало, па Хајдук баш и немал некаква помош, но во сезона во која битката за титулата допрва може да зоврие, судиската помош може да се покаже како клучна за битката за титулата која во Сплит ја нема речиси деценија ипол.

Сепак, „Торцида“ во Сплит е главна и како што пишуваат хрватските меидуми, на Кос ќе му простеле се – од неработење, лоши резултату, соработка со менаџери, ама додворување и шурување со судиите не. Сплитската најверна публика не сака да чуе за соработка со луѓето кои со години систематски го крадеа и уриваа Хајдук и стоеа зад Здравко Мамиќ и Динамо, и целата свита во Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС).

„Во недела, членовите на Надзорниот одбор ќе му го свртат палецот надолу на актуелниот претседател. Само големо чудо треба да се случи, за Кос да „преживее“. Дури ни голеада и убедлива победа над Динамо нема да го спасат, па макар било и 6-1. И небитно е како ќе заврши гласањето, кога веќе извесно е дека 'Торцида' победи. Кос не направил ништо незаконски, ама го прекрши непишаното правило дека не смее да се изма никаква блискост со тие што со години го поткрадуваа Хајдук. Навивачите на Кос може да му простат за се, од лошо работење, лоши резултати, менаџерски бизниси, ама приближување кон судиите – сигурно не“, пишуваат хрватските медиуми.

Хајдук против Динамо на преполниот „Пољуд“ има шанса со победа да ја направи супер интересна завршницата на сезонава во Хрватска и да се доближи на само два бода од загрепските „модри“. Хајдук во првото пролетно дерби среде „Максимир“ победија со 1-0.